• петок, 22 ноември 2024

Во Ферари имаат целосна доверба во Биното

Во Ферари имаат целосна доверба во Биното
Маранело, 28 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Ферари, Џон Елкан изјави дека му верува на лидерот на тимот, Матија Биното. - Оваа година ние сме помалку конкурентни како резултат на загубата на моќноста на моторот. Денес ние ја поставуваме основата за покажување резултати и остварување на победи по влегувањето во сила на новата регулатива во 2022 година. Ферари во целост има доверба во Матиа Биното, тој ги има сите квалитети за да започне нов циклус на победи за тимот. Тој работел во тим со Жан Тод и Мајкл Шумахер и знае како да победува, а следната година ќе работи со двајца млади и амбициозни пилоти, изјави Елкан за „La Gazzetta dello Sport“. Во текот на изминатите десет години, пилоти од висока класа, светски шампиони, како Фернандо Алонсо или Себастијан Фетел, возеа за нас, но кога веќе сте победиле, за вас е потешко да останете трпеливи. Ние градиме основа за долгорочен проект, што е потврдено и со потпишување на петгодишен договор со Шарл Леклер. Го одобривме одложувањето на влегувањето во сила на новата регулатива до 2022 година, веруваме дека ова е правилна одлука. Нашите инженери, механичари и пилоти се решени да ја покажат сета сила и креативност да го вратат Ферари на врвот. Јас не сум видел ваков вид тимска кохезија во последните 10 години, потенцира Елкан. По три трки на почетокот на сезоната 2020 Ферари има само еден подиум (2.место) и со 27 бода е далеку зад водечкиот Мерцедес кој има 121 бод. зс/

Остани поврзан