• понеделник, 23 декември 2024

Во Украина топлотен бран и рестрикција на струја

Во Украина топлотен бран и рестрикција на струја

Киев, 18 јули 2024 (МИА) - Во повеќе градови во Украина денеска се забележани температури до 36 степени Целзиусови, а топлотниот бран дополнително ја загрози енергетската инфраструктура која е цел на руските напади, што доведе до прекин на електричната енергија.

Тамошната метеоролошка служба денеска во Киев и поширокото подрачје забележа 36 степени Целзиусови, а таква температура последен пат е регистрирана во 1931 година.

Температурата е висока во некои градови во централна и јужна Украина.

Поради лошата состојба на енергетската инфраструктура воведени се рестрикции за електрична енергија, а надлежните изјавија дека се работи на увоз на струја.

Во јуни, украинските власти побараа да се исклучи климатизацијата во јавните згради и да се ограничи јавното осветлување за да се намали притисокот врз електричната мрежа. паг/

 Фото: ЕПА

 

Остани поврзан