Во Украина пристигна специјалниот пратеник на САД, Келог
- Специјалниот пратеник на САД, Кијт Келог е во работната посета на Киев, објавија украинските медиуми повикувајќи се на неименуван извор
Киев, 11 септември 2025 (МИА) – Специјалниот пратеник на САД, Кит Келог е во работната посета на Киев, објавија украинските медиуми повикувајќи се на неименуван извор.
- Можам да ја потврдам информацијата дека специјалниот пратеник на претседателот на САД, Кит Келог е во Украина, во Киев, на работна посета, изјави неименуван владин претставник.
Во посета на Украина денеска е и претседателот на Финска, Александар Стуб и неговата сопруга. ми/
фото: ЕПА