• понеделник, 23 декември 2024

Во Турција промовиран проектот „Камени ридови“

Во Турција промовиран проектот „Камени ридови“
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Министерството за култура и туризам на Република Турција и Турската агенција за развој и промоција на туризмот (ТГА) свечено го претставија проектот Taş Tepeler („Камени ридови“) со цел промоција на археолошките локалитети од неолитско време во југоисточна Турција. На настанот учествуваа археолози, истражувачи и новинари од целиот свет, соопшти турската Амбасада во Скопје. Проектот Taş Tepeler („Камени ридови“) опфаќа археолошки ископувања и истражувања во седум области кои биле првите живеалишта и примери за населен организиран живот во светот: Ѓобеклитепе, Карахантепе, Ѓурџутепе, Сајбурч, Чакмактепе, Сефертепе и Јени Махале. За време на настанот кој се одржа помеѓу 21-27 септември исто така беше посетено и ископувањето во Карахантепе кое беше привремено отворено. Ископувањата се извршуваат од страна на научни комитети и Дирекцијата на музејот Шанлиурфа под раководство на Генералниот директорат за културни добра и музеи на Република Турција при Министерството за култура и туризам. Говорејќи на свеченоста, министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој истакна дека  како дел од овој проект, нови населби беа откриени преку истражувања извршени во два региони. - Ние се уште ги продолжуваме археолошките истражувања во седум локалитети, во Ѓобеклитепе, Карахантепе, Ѓуркутепе, Сајбурч, Чакмактепе, Сефертепе и Јени Махале. Во рамките на првата фаза од проектот, опфаќајќи ги годините 2021-2024 година, ископувањата ќе започнат и во населбите Ајанлар, Јогунбурч, Харбетсуван, Курттепе и Ташлитепе. Геомагнетни и гео-радарски мерења беа извршени во некои од овие области. Мерењата ќе продолжат паралелно со ископувањата, рече Мехмет Нури Ерсој. Тој истакна дека проектот Шанлиурфа за истражување на неолитот е најголемиот и најсеопфатен археолошки проект што некогаш е направен во Турција со учество на осум универзитети од пет земји и четири меѓународни академии, институти и музеи. Регионот Шанлиурфа е дом на првите живеалишта и примери за населен организиран живот во светот. Помеѓу 2021 и 2024 година, ископувања ќе се вршат на вкупно 12 локации, вклучувајќи го и Карахантепе како локалитет со повеќе од 250 мегалитни блокови во форма на Т, слични на оние што се наоѓаат на Светското наследство на УНЕСКО, Ѓобеклитепе. Се проценува дека, постојат неколку локации во Шанлиурфа слични на Ѓобеклитепе, кои ги одразуваат раните фази на неолитската ера. Неодамнешните наоди од ископувањата Карахантепе се изложени на „Карахантепе и неолитски човек“ во Археолошкиот музеј во Шанлиурфа, која беше отворена на 23 септември 2021 година за време на настанот за започнување на проектот Taş Tepeler („Камени ридови“). - Меѓународниот светски неолитски конгрес, кој ќе се одржи во 2023 година ќе вклучува бројни научни сесии и ќе ги прикаже уникатните културни богатства на Шанлиурфа од неолитската ера, се вели во соопштението од турската амбасада. мс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан