• понеделник, 23 декември 2024

Во Турција над 3.000 починати од Ковид-19

Во Турција над 3.000 починати од Ковид-19

Анкара, 29 април 2020 (МИА) - Во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 починале 89 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 3.081, јави агенцијата Анадолија.

Според податоците на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, во последните 24 часа регистрирани се 2.986 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани достигна 117.589.

Во изминатото деноноќие излекувани се 5.231 пациенти, со што вкупната бројка на оздравени е зголемена на 44.022.

На интензивна нега моментално се наоѓаат 1.574 пациенти, а бројот на пациенти на респиратори изнесува 831.

Турското Министерство за здравство, меѓу другото, соопшти дека во последните 24 часа направени се 43.498 тестирања за Ковид-19, и оти од појавата на епидемијата досега во земјата се направени вкупно 991.613 тестирања. јт/

Остани поврзан