Во Техеран привремено се затвораат државните институции поради исклучително високи температури на воздухот
- Сите владини канцеларии, банки и бизниси во иранската покраина Техеран и главниот град Техеран ќе бидат затворени в среда поради екстремно високите температури и потребата од заштеда на енергија.
Техеран, 21 јули 2025 (МИА) - Сите владини канцеларии, банки и бизниси во иранската покраина Техеран и главниот град Техеран ќе бидат затворени в среда поради екстремно високите температури и потребата од заштеда на енергија.
Властите објавија дека температурите во главниот град на Иран се движат над 40 степени Целзиусови и препорачаа граѓаните да останат во затворен простор во текот на најтоплиот дел од денот.
Портпаролката на владата, Фатема Мохаџерани, апелираше до жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и вода. зш/