Во Техеран втор ден протести на трговците поради инфлацијата и девалвацијата на риалот
- Иранските трговци денеска, втор ден по ред протестираат поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар
Техеран, 29 декември 2025 (МИА) – Иранските трговци денеска, втор ден по ред протестираат поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар.
Илјадници трговци денеска во центарот на Техеран протестираа и ги повикаа другите да ги затворат продавниците и да им се придружат.
Полицијата не интервенираше на вчерашниот протест на кои беа извикувани и антивладини слогани.
Денеска еден американски долар се менува за околу 1,38 милиони риали.
Поради забрзаната девалвација растат цените на граната и другите неопходни артикли. Според државниот Центар за статистика инфлацијата во декември изнесува 42,2 отсто.
Цените на храната се зголемени за 72 проценти, а на лековите за 50 отсто. ми/
фото: Икс