• понеделник, 23 декември 2024

Во тетовско Желино од заталкан куршум повреден 40-годишник

Во тетовско Желино од заталкан куршум повреден 40-годишник
Тетово, 26 јули 2022 (МИА) - Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник во тетовско Желино. Како што информираа од тетовската полиција, поради повредата тој побарал и лекарска помош. - На 25.7.2022 во 21:30 часот во Полициското одделение Групчин, Е. Р. (40) од с. Желино, Тетовско, пријавил во дворот од куќата на неговиот брат во селото од залутано зрно од огнено оружје бил повреден на раката. Тој бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово. На 18 јули годинава беше пријавено дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, но немало повредени лица, додека на 13 јули поради истата причина повредена беше 59-годишна жена во Тетово. ас/цр

Остани поврзан