• петок, 04 октомври 2024

Во Тетово централно претседателство одржа Движењето Беса 

Во Тетово централно претседателство одржа Движењето Беса 
Тетово, 13 ноември 2021 (МИА) - На состанок на централно претседателство на Движење Беса во Тетово е утврден партискиот став дека на последните локални избори се исполнети зацртаните објективи како што е победата во Општина Тетово и Општина Желино. Од партијата посочуваат дека за нив достигнување се и 26.000 освоени гласови кои ја потврдиле политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 година.
- Движењето  Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата. Исто така апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето  Беса. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се во опасност, се наведува во партиското соопштение.
Движењето Беса  уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Северна Македонија.
Од партијата посочуваат дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Северна Македонија. Беса ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија како и борбата против апсолутната власт на ДУИ  и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели. ас/ки/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан