• петок, 22 ноември 2024

Во Тетово санкционирани 60 возачи за брзо возење, 45 возеле со дури 50 километри на час над дозволеното

Во Тетово санкционирани 60 возачи за брзо возење, 45 возеле со дури 50 километри на час над дозволеното
Скопје, 29 август 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово, денеска, во периодот од 13 до 19 часот спроведоа засилена акциска контрола на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 60 возачи, од кои 45 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 18 со дури над 70 километри на час над дозволеното. Како што најавуваат од МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови со апел до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи заради посигурни патишта. вг/

Остани поврзан