• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово одбележани 79 години од формирањето на Комунистичката Партија на Македонија 

Во Тетово одбележани 79 години од формирањето на Комунистичката Партија на Македонија 
Тетово, 19 март 2022 (МИА) - Во Музејот на тетовскиот крај односно во Спомен куќата на Јовановци во населбата Два Бреста во Тетово денеска се одбележаа 79 години од формирањето на Комунистичката Партија на Македонија во тој објект. Беше одржан историски час со пригоден реферат. - На 19 март 1943 во оваа куќа донесени се повеќе значајни одлуки за понатамошниот тек на Народнослободителната и антифашистичка војна. Се формираат пет обласни комитети во петте оперативни зони, формирање на поголеми воено - оперативни единици (баталјони и бригади), да се зголеми политичката активност, да се формира штаб на Првата оперативна зона и друго. Централниот комитет го сочинувале Лазар Колишевски - секретар,Мара Нацева- организационен секретар, Кузман Јосифовски - Питу - член,Цветко Узуновски - Абас- член и Бане Андреев - Ронката – член, посочи во рефератот Велимир Цветановски, виш кустос во Музејот. Во чест на формирањето на КПМ делегации на општинската организација на Сојуз на борци Тетово, политички партии, организации и здруженија положија цвеќе пред спомен бистата на Јосип Броз-Тито. ас/цр  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан