• петок, 22 ноември 2024

Во Тетово и Гостивар казнети 16 пијани возачи, глоба од 225 до 375 евра

Во Тетово и Гостивар казнети 16 пијани возачи, глоба од 225 до 375 евра

Скопје, 15 октомври 2023 (МИА) - Од 23.00 до 04.00 часот ноќеска на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола во која вкупно биле откриени и санкционирани 16 возачи, од кои 10 во Тетово и шест во Гостивар, кои ги управувале возилата под дејство на алкохол.

- Кај најголемиот број од нив, пет во Тетово и двајца во Гостивар, биле констатирани, односно измерени од еден до еден и пол промили алкохол во организмот. Сите возачи прекршители кои управувале под дејство на алкохол веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби, кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, времено им се одземени и возачките дозволи, соопштија од МВР.

При контролата биле откриени и со соодветни поднесоци заокружени и 13 други видови сообраќајни прекршоци - осум во Тетово и пет во Гостивар. цр/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан