• среда, 04 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Тетово изречени 42 казни за брзо возење

Во Тетово изречени 42 казни за брзо возење

Тетово, 18 ноември 2021 (МИА) – Полицијата денеска за четири часа во Тетово бележи 42 пречекорувања на максимално дозволена брзина во контрола на возачите. Во два случаи возачите се движеле со брзина од 70 километри повеќе од дозволеното.

-Денеска (18 ноември) во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Две од пречекорувањата биле за над 70 километри на часПокрај ова, санкционирани се и шест пречекорувања во населено место, од кои едно за 50 километри на час, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Во акцијата санкционирани се и други видови сообраќајни прекршоци. ас/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан