Во тек финалните подготовки за отворање на Културно-информативниот центар во Тирана
- Течат последните подготовки за официјалното почнување со работа на Културно информативниот центар на Северна Македонија во Албанија со седиште во Тирана, соопштија денеска од Министерството з
Скопје, 29 април 2021 (МИА) - Течат последните подготовки за официјалното почнување со работа на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Албанија со седиште во Тирана, соопштија денеска од Министерството за култура.
Отворањето на Центарот е резултат на потпишаната Спогодба меѓу Владата на Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија и заложбите за унапредување и продолабочување на културната соработка меѓу двете земји.
Од Министерството за култура информираат дека Центарот е сместен во непосредна близина на Градскиот парк, локација што овозможува видливост и интенција за поголема посетеност на културните настани. Директор на КИЦ-Тирана, е Златко Ориѓански.
-Во моментов, во соработка со графичкиот уметник Зоран Кардула, интензивно се работи на внатрешно уредување на просторот, а директорот Ориѓански најавува реализација на разновидна културна програма, што ќе придонесе за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи во културата помеѓу двете земји, се наведува во соопштението на Министерството.
Отворањето на КИЦ во Тирана се реализира со поддршка на Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи, односно Амбасадата на Северна Македонија во Албанија. бт/бак/