• понеделник, 23 декември 2024

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 6 април 2023 (МИА) - Денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за март 2023 година, информира Министерството за труд и социјална политика.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 април 2023 година.

-Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

-06.04.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

- 07.04.2023– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, се наведува во соопштението од МТСП. дма/са/

Фото: Министерство за труд и социјална политика

 

 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан