• вторник, 05 ноември 2024

Во тек акција против 15 физички и три правни лица, од кои три од УЈП

Во тек акција против 15 физички и три правни лица, од кои три од УЈП

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) - Полицијата во координација со ОЈО ГОКК изутрината на повеќе локации во Скопје врши претреси, а има и приведени повеќе лица, потврдија за МИА од МВР.

Акцијата се спроведува против 15 физички и три правни лица. Од нив, како што потврдија извори од истрагата за МИА, три лица се од УЈП, од кои едниот е заменик-раководител, останатите се бизнисмени. Се товарат за злосторничко здружување, перење пари, даночни измами.    

Акцијата е во тек и повеќе детали и МВР и Обвинителство најавија по нејзиното завршување. ац/цр/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан