• петок, 05 декември 2025

Во Таџикистан убиени пет лица и ранети уште пет во два прекугранични напада од Авганистан

Во Таџикистан убиени пет лица и ранети уште пет во два прекугранични напада од Авганистан

Душанбе, 1 декември 2025 (МИА) - Пет лица беа убиени, а уште петмина повредени во два напада врз Таџикистан од соседен Авганистан во текот на минатата недела, објави денес прес-службата на претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон.

Во соопштението се наведува дека Рахмон се сретнал со раководителите на безбедносните агенции за да разговара за ситуацијата и начините за зајакнување на граничната безбедност.

Британските медиуми пренесуваат дека претседателот Рахмон остро ги осудил нелегалните и провокативни дејствија на авганистанските граѓани и наредил да се преземат ефикасни мерки за решавање на проблемот и спречување на повторување на вакви инциденти.

Таџикистан, поранешна советска република со население од околу 11 милиони, има напнати односи со талибанските власти во Авганистан.

Таџикистанските власти, кои претходно предупредуваа за шверцери на дрога и нелегално рударство на злато по границата со Авганистан, минатата недела објавија дека тројца кинески државјани се убиени во напад со беспилотно летало од Авганистан.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан