• понеделник, 23 декември 2024

Во Струмица поставена изложбата „Врамено време“

Во Струмица поставена изложбата „Врамено време“
Струмица, 13 јули 2021 (МИА) - На Струмичкото корзо на отворено вечерва беше поставена изложбата „Врамено време“, на која се презентирани 24 репродукации на стари фотографии од Струмица, во периодот од 1900 до 1938 година. Според организаторот на изложбата, Здружението за култура и визуелна уметност „Кадро“, изборот на фотографиите е направен од околу стотина кои им биле на располагање. - За жал не ги знаеме имињата на фотографите. Тие биле испраќани во Струмица од тогашните власти за да документираат одредени состојби, некои се за воени цели, а некои се однесуваат на тогашната архитектура. Многу ретки се фотографиите кои се правени за спомени, рече Александар Дончев од Здружението „Кадро“. Изложбата е поставени на Струмичкото корзо, на потегот од општинската зграда до плоштадот, бидејќи таа локација најмногу кореспондирала со просторот. -Тука, некогаш бил влезот во градот и градот се простирал до ова место и затоа изложбата ја поставивме тука, додаде Дончев. Изложбата „Врамено време“ е во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“. рт/сп/

Остани поврзан