• четврток, 10 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Струмица полицијата делеше едукативни материјали по повод Европската недела на мобилност

Во Струмица полицијата делеше едукативни материјали по повод Европската недела на мобилност
Струмица, 20 септември 2020 (МИА) - Попладнево во Градскиот парк во Струмица Отсекот за превенција при СВР Струмица, заедно со сообраќајната полиција, со делење на флаери, вода и заштитни маски за лице ја одбележаа Европската недела на мобилност. Настанот се одржа под мотото „ Иднината на одржливата мобилност е во твои раце. Вози велосипед!!!“. На возачите на велосипеди полициските службеници им укажуваа на почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи со цел за поголема безбедност во сообраќајот. Покрај полицијата, партнер во оваа едукативна акција е Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а на настанот присуствуваше и претседателката на оваа организациција, Гордана Кожуваровска. рт/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан