• петок, 17 мај 2024

Во Струмица одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Во Струмица одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Струмица, 21 март 2024 (МИА) - По повод Светскиот ден на лицата до Даунов синдром-21 Март и поддршка за своите соученици, денеска на Плоштадот во Струмица беше одбележан овој ден. Ученици од Гимназијата „Јане Сандански“ со Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица заедно испратија порака дека овие лица се тука и секој од нив заслужува еднакви права и еднакви можности во општеството.

Според Анче Туфекчиева од „Вера“ годинава одлучиле на малку поинаков начин да го одбележат овој ден со учество на 150 ученици кои ги направија броевите 21 и 3 и со тоа ја дале поддршката за своите другарчиња и за сите лица со Даунов синдром.

-Симболиката е на овие броеви е затоа што овие лица се родени со копија на 21-от хромозом три пати, односно во својата ДНК дваесет и првиот хромозом го имаат три пати. Ние како здружение и пред се како родители секогаш сме тука да ги бараме правата на нашите деца. Состојбата се подобрува, но не е на потребното ниво. Најголем проблем е што овие деца немаат образовебн асистент, бидејќи Законот за инклузивно средно образование не е донесен. Се надевам дека по три години, колку што е во процедура, конечно ќе биде донесен, рече Туфекчиева.

Додаде дека во Општина Струмица се вклучени лични асистенти кои им помагаат на децата со Даунов синдром, но немањето образовни асистенти им го отежнува секојдневното функционирање на овие лица.рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан