• вторник, 14 мај 2024

Во Струга четвoрица обвинети за непочитување на полицискиот час

Во Струга четвoрица обвинети за непочитување на полицискиот час
Скопје, 15 мај 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство во Струга поведе постапка пред надлежен суд против четири лица обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството денеска соопшти дека еден од обвинетите, на 1 мај за време на полицискиот час, бил затекнат при расправија со друго лице во дворот на здравствената амбуланта во село Лабуништа, а останатите тројца обвинети биле запрени од овластени полициски службеници додека се движеле на различни локации за време на полицискиот час. -Со ова сите обвинети пoстапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим  за движење на територијата на државата, донесена со цел спречување на ширењето на заразна болест, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство. За стореното кривично дело, надлежното обвинителството до Основен суд Струга поднел предлози за издавање казнени налози со кои предложил на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, со износ на една дневна глоба од 30 евра во денарска противвредност.​бт/скс/

Остани поврзан