• петок, 05 декември 2025

Во средното уметничко училиште откриена статуа на акад.проф. Јордан Грабул

Во средното уметничко училиште откриена статуа на акад.проф. Јордан Грабул

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Во дворот на средното уметничко училиште ДСУЛУД ,„Лазар Личеноски“ во Скопје, денеска свечено беше откриена статуата на акад.проф. Јордан Грабул, дело на проф. Елена Дуковска.

-Скулптурата беше изработена во рамките на одбележувањето на јубилеите 80 години Средно уметничко и 100 години од раѓањето на Јордан Грабул, информираат од училиштето.

На отворањето, директорот на училиштето  Димитар Филиповски истакнал дека Грабул е некогашен професор и директор на уметничкото училиште и автор со огромен импакт врз современата македонска ликовна уметност. На присутните гости им се обратилеа и проф. Елена Дуковска и проф. Лира Грабул-наш познат костимограф и воедно ќерка на Јордан Грабул. сст/са/

Фото ДСУЛУД ,„Лазар Личеноски“ 

 

Остани поврзан