Во Србија ќе се формира тело од 10 членови за ревизија на избирачкиот список
Белград, 22 јули 2025 (МИА) - Во Србија ќе биде формирана комисија од 10 експерти за ревизија на избирачкиот список. Таа комисија ќе биде под надлежност на Собранието , како дел од измените на Законот за единствен избирачки список, најави денеска српската министерка за државна управа и локална самоуправа Снежана Пауновиќ.
Мандатот ќе биде пет години.
„Членовите ќе имаат можност да предлагаат и да влијаат на самиот избирачки список во однос на корекции, доколку тие треба да се случат некаде. Министерството за државна управа и локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи ќе бидат обврзани да разговараат за ова со нив и да ги спроведат нивните основани приговори“, изјави Пауновиќ. зш/
фото ЕПА