• четврток, 26 март 2026

Во Србија се запали автобус полн со ученици од основно училиште, нема повредени

Во Србија се запали автобус полн со ученици од основно училиште, нема повредени

Белград, 2 јуни 2025 (МИА) - Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград.

Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата успеале навреме да излезат од автобусот. Станува збор за ученици од седмо одделение кои отишле на екскурзија во Сокобања.
Несреќата се случила околу 10:50 часот утрово.

Според директорот на тоа училиште, Љубомир Вукиќевиќ, кој е на пат кон Бољевац, најважно во овој момент е децата да се добро и да нема повредени. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале запалениот автобус. зш/

Остани поврзан