• понеделник, 23 декември 2024

Во Србија вакцинирани 39.000 странски државјани

Во Србија вакцинирани 39.000 странски државјани
Белград, 7 април 2021 (МИА) - Во Србија досега се дадени 2.650.000 дози вакцини, ревакцинирани се над 1.129.000 лица, имунизирани се околу 810.000 граѓани, а вакцинирани се и околу 39.000 странски државјани, јави дописникот на МИА од Белград. - Досега во Србија против Ковид-19 се вакцинирани околу 39.000 странски државјани, претежно од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, изјави на РТС директорот на владината канцеларија за е-управа, Михаило Јовановиќ. - Од денеска започнува нов вид вакцинација на граѓаните. Покрај апликацијата преку порталот за е-управа и контакт центарот, сите локални самоуправи започнуваат да организираат слободни контролни пунктови каде што граѓаните ќе можат да доаѓаат без пријава, кажа Јовановиќ, кој објасни дека вакцинирањето на пунктовите без известување ќе зависи од локалната самоуправа, кои ќе бидат претежно во близина на здравствените домови, но и дека ќе има многу мобилни тимови. Јовановиќ прецизираше дека граѓаните нема да можат да се вакцинираат на големите масовни пунктови без да се пријават, за да не се создаваат гужви. - На пунктовите каде што граѓаните ќе дојдат без пријава на располагање ќе им бидат вакцините на Синофарм и на Астра Зенека, бидејќи се најлесни за манипулација и им овозможуваат на тимовите да излезат на терен. Сега тргнуваме со петта брзина и имаме амбиција до крајот на месецо да извршиме уште 500.000 вакцинации, објасни Јовановиќ. об/ми/  

Остани поврзан