• петок, 22 ноември 2024

Во Софија уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски

Во Софија уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски
Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) - Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски е уапсен денеска во Софија.
-Известени сме од бугарските колеги дека по нашата распишана меѓународна потерница денеска е приведен Игор Спасов, изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година. МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето.
-Игор Спасов, се бараше со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од 7 години  и 3 месеци, стои на веб страницата на МВР.вг/лв/

Остани поврзан