• сабота, 21 декември 2024

Во сообраќајка на патот Штип-Велес загина 66 - годишник од Свети Николе, повредени две лица

Во сообраќајка на патот Штип-Велес загина 66 - годишник од Свети Николе, повредени две лица

Велес, 2 март 2024 (МИА) -  Во сообраќајката што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес  загина 66 - годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегна на повредите вечерва во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник во несреќата од другото возило. 

Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес за МИА изјави дека В.П. бил донесен во велешката болница во бесознание и критична состојба.  На неговата сопруга, Б.П.  61.  и е направена компјутерска томографија, констатирани се скршеници на кичма и карлица и поради тежината на повредите во тешка состојба со возило на итна помош од велешката болница во 20.30 часот е препратена на скопските клиники.

На третиот повреден, 29 -годишниот А.А, исто така му е направена компјутерска томографија  и се констатирани повреди на глава, но е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување и опсервација на Хирушкото одделение во велешката Општа болница. 

Несреќата се случила околу 18.20 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.ад/лв/

Остани поврзан