• четврток, 26 март 2026

Во сообраќајка во Велес тешко повреден 80 годишен мотоциклист, не е во животна опасност

Во сообраќајка во Велес тешко повреден 80 годишен мотоциклист, не е во животна опасност

Велес, 22 јули 2025 (МИА) - Во СВР Велес синоќа околу 17,25 часот  било пријавено дека на крстосница од ул.„Методија Андонов Ченто“ со ул.„Борис Трајковски“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 60 годишниот  В.А. од Велес и мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 80 годишниот К.А. од Велес. Како што информираат денеска од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот се здобил со повреди на глава и рана на глава и скршеница на клучна коска и повреди на рбетот. Тој е тешко повреден и укажана му е сета неопхпдна медицинска помош и е вон животна опасност и е згрижен на понатамошно  лекување во велешката Општа болница, појасни д-р Граматов.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан