• сабота, 21 декември 2024

Во Собрание продолжи интервјуирањето на кандидатите за членови на Антикорупциска комисија

Во Собрание продолжи интервјуирањето на кандидатите за членови на Антикорупциска комисија

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска продолжи интервјуирањето на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. 

За новиот состав на Антикорупциската комисија пријавени се 42 кандидати, од кои речиси половина од нив беа интервјуирани во текот на вчерашниот ден. 

На интервјуирањето на кандидатите беа присутни пратеници од опозицијата и власта како и невладини организации, здруженија.

Кандидатите беа испрашувани за актуелни теми како договорот со Бехтел и Енка, но и за тоа што тие како можни идни членови на Антикорупциска би направиле за да ја подобрат борбата против корупцијата, како и кој е нивниот мотив за пријавувањето.

Еден од кандидатите кои денеска беа испрашувани Мустафа Мехди оцени дека корупцијата евидентно им штети на младите и посочи дека тој за време на неговиот мандат би имал за цел да ја направи државата пример за останатите земји во делот на справуавањето со корупцијата.

-Мотивот за промена на моето работно место е мојата визија за креирање подобра иднина со успешна борба против корупциката која им штети на младите, мојата визија за следните пет години е Комисијата и нашата држава да бидат пример за регионот и Европа како треба да биде, а не како не треба да биде. Ситуацијата е алармантна, секој говор на телевизија кој го слушам започнува со борбата против корупцијата е приоритет, но од тоа нема ништо.

Мариан Поњавиќ исто така кандидат од друга страна пак истакна дека успеси со борбата против котупција не гледа, односно не гледа судски развршници.

-Има многу пропусти, а членовите на комисијата можат да издејствуваат за многу работи, подвлече тој.

Се очекува испрашувањето на кандидатите да заврши денеска, а одлуката кои кандидати го минале комисискиот филтер да се знае до крајот на следната недела. 

Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 овој месец согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК. 

Мандатот на актуелните членови на Комисијата - Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира  на 8 февруари следната година. свс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан