• среда, 16 октомври 2024

Во Собранието седници на две комисии

Во Собранието седници на две комисии

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии - Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет е преостаната само уште една точка на дневен ред - Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2023 година.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, Предлог на законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, Предлог на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, сите три во второ читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан