Во Собранието пратенички прашања
- Собранието денеска ќе ја одржи 45. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 45. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.
Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа. фф/лв/
Фото: МИА архива