Во Собранието на Србија конференција за партнерството меѓу Србија, Израел и САД
Бeлград, 15 јули 2025 (МИА) - Конференција „Белградски стратешки дијалог - партнерство на Србија, Израел и САД“, организирана од Конгресот на српско-американско пријателство, ќе се одржи денеска во Парламентот на Србија, на која ќе се обрати и претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.
Шефот на дипломатијата Марко Ѓуриќ, потпретседателот на Советот за надворешна политика на САД Илан Беман и потпретседателката на Собранието на Србија, Марина Рагуш ќе зборуваат за стратешкото партнерство меѓу Србија, Израел и САД, објавија организаторите.
Министерот за европски интеграции и шеф на српската делегација во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот Немања Старовиќ, претседателот на парламентарната група за пријателство со Израел Милован Дрецун, директорот за комуникации на Британско-израелскиот центар за комуникации и истражувања (BICOM) Даниел Ритербанд и почесниот конзул на Србија во Израел Александар Николиќ ќе зборуваат за партнерството меѓу Србија, Израел и САД во борбата против антисемитизмот. зш/
фото МИА