• петок, 22 ноември 2024

Во Словачка дојава за бомби во 270 училишта

Во Словачка дојава за бомби во 270 училишта

Братислава, 3 септември 2024 (МИА) - Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава добија дојава за бомба, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.

Помеѓу училиштата кои добиле дојави се и основните училишта во општината Петржалка во Братислава, потврди портпаролката на општинските власти Марија Халашкова.

Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците.

Во меѓувреме, закана за бомба била испратена во основно училиште во Бернолаково, исто така во регионот на Братислава.

Оваа информација на Фејсбук ја потврди и министерот за образование Томас Дракер.

„Најостро го осудувам овој невиден чин насочен против нашите деца, родители и наставници“, напиша тој на својот профил.

Министерот за образование и порача на јавноста дека состојбата се следи одговорно и дека МВР и полициските сили ја обезбедуваат безбедноста.

Истовремено, словачките министерства за образование и внатрешни работи свикаа заеднички состанок со цел да се реши новосоздадената ситуација. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан