• петок, 03 мај 2024

Во следните денови на состанокот на Г7 се очекува средба Бајден - Зеленски

Во следните денови на состанокот на Г7 се очекува средба Бајден - Зеленски

Хирошима, 19 мај 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе има средба со американскиот претседател Џо Бајден „во наредните денови“ на состанокот на Г7 во Хирошима. Тоа го изјави денеска шефот на Кабинетот на Зеленски.

Двајцата лидери ќе разговараат за низа теми, вклучително и меѓународната коалиција за борбени авиони, благодарение на која „Украина наскоро ќе има се што и е потребно за да го заштити нашето небо, нашите градови и нашите граѓани“, рече Андриј Јермак. зш/

Остани поврзан