• вторник, 26 ноември 2024

Во Скопје 91 санкциониран возач, од кои 30 за брзо возење 

Во Скопје 91 санкциониран возач, од кои 30 за брзо возење 
Скопје, 27 март 2021 (МИА) - На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречена е вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, шест санкции за возење без возачка дозвола, две за технички неисправни и нерегистрирани возила. МВР денеска соопшти дека се изречени и две санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 31 за непрописно паркирани возила. Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.  цр/сп

Остани поврзан