• недела, 22 декември 2024

Во Скопје се одржа „Авицена женска трка“

Во Скопје се одржа „Авицена женска трка“
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) – Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје денеска ја реализираше деветата по ред „Авицена женска трка“. Учесничките трчаа три километри, а стартот и целта на трката беа во Градскиот парк. - „Авицена женската трка“ и оваа година ја пренесе пораката дека здравиот начин на живот е најважен. Горда сум дека веќе деветта година по ред успеваме да мотивираме голем број на жени, љубители на спортот, да излезат и да трчаат во името на здравиот живот, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје. Оваа година, од вкупниот број учеснички прва до целта пристигна Биљана Кираџиева за 11 минути и четири секунди, второто место ѝ припадна на Душица Јанковиќ со 12 минути и шест секунди и на трето место се најде Вера Урдаревска, која ја истрча патеката за 12 минути и 14 секунди. Покрај првите три учеснички, награди добија и најдобрите натпреварувачки во седум одделни возрасни категории во кои беа поделени. По прогласувањето на најдобрите учеснички се одржа лотарија со извлекување на стартни броеви и дел од учесничките се здобија со подароци од партнерите на „Авицена женска трка 2021“. ки/бак/

Остани поврзан