• недела, 22 декември 2024

Во Скопје почнува ЕП во кошарка за средни училишта

Во Скопје почнува ЕП во кошарка за средни училишта

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт (АМС), во Скопје од денес до сабота ќе се одржи Европско кошаркарско првенство за средни училишта.

 

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски од денешната прес-конференција поврзана со ЕП за средни училишта упати апел до младите што повеќе да спортуваат.

-Овој настан за нас и нашите млади кошаркари е од големо значење. Децата наредните 5-6 дена покрај натпреварите ќе имаат можност и да се дружат. Ние дадовме финансиска поддршка за овој настан. Сакаме децата и спортистите воопшто да се вратат во салите и на спортските терени. Во моето време немаше мобилни кои им прават многу проблеми на младите. Имаше многу активности. Спортот вреди многу и придонесува децата да прераснат во здрави индивидуи, изјави Мојсовски.

 

На овој голем спортски настан ќе земат учество околу 200 ученици-спортисти од шест држави со 11 екипи во женска и машка конкуренција. Покрај македонските тука се и екипи од: Франција, Чешка, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

 

Натпреварите ќе се играат во салите „Невена Георгиев Дуња“ и Наум Наумовски Борче“. 

 

Нашата држава ќе ја претставуваат училишните екипи на „Никола Карев“ од Скопје и „Перо Наков“ од Куманово во машка, како и „Ѓорче Петров“ и Јосип Броз Тито“ во женска конкуренција. зс/

Остани поврзан