• недела, 12 мај 2024

Во Сирија убиен лидерот на ИД, ал Кураши

Во Сирија убиен лидерот на ИД, ал Кураши

Дамаск, 3 август 2023 (МИА) – Екстремистичката група Исламска држава денеска соопшти за смртта на нејзиниот водач Абу Ал Хусеин ал Хусеин ал Кураши, кој беше убиен во судирите со екстремистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) во северозападна Сирија.

Портпаролот на ИД во аудио порака преку Телеграм, соопшти дека нивниот лидер е убиен во провинцијата Идлиб во директена пресметка со припадници на ХТС.

Припадници на ХТС, поранешен локален огранок на Ал Каеда, се обиделе да го заробат ал Кураши.

ИД не го наведе ниту точното место ниту датумот на егзекуцијата на ал Кураши. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан