• четврток, 19 декември 2024

Во Сирија од колера починаа 29 луѓе

Во Сирија од колера починаа 29 луѓе
Дамаск, 27 септември 2022 (МИА) – Министерството за здравство на Сирија синоќа соопшти дека во земјата од колера починале 29 луѓе. На вчерашното тестирање потврдени се 338 случаи на колера, што е најголема бројка откако болеста првпат е регистрирана минатиот месец. Најголем број на починати од колера регистрирани се во покраината Алепо. Според Обединети нации во Сирија има најлоша епидемија на колера во изминатите неколку години. Колерата е болест предизвикана од бактеријата Вибрио, која се пренесува преку храна и вода. Колерата предизвикува тешка дијареја и губење на вода во телото и може да биде фатална по животот доколку не се лекува. ми/

Остани поврзан