• понеделник, 07 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во сириското пристаниште Латакија стигна првата бродска пратка пченица по падот на Ал Асад

Во сириското пристаниште Латакија стигна првата бродска пратка пченица по падот на Ал Асад

Дамаск, 20 април 2025 (МИА) – Пратка од 6.600 тони пченица со брод пристигна во сириското пристаниште Латакија, што е прва ваква пратка по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад на 8 декември минатата година, соопшти денеска сириската влада.

Во соопштението се наведува дека увозот на пченица и други основни производи не подлежи на санкции на Соединетите Американски Држави и Обединетите нации.

Регионална трговска компанија соопшти пратката со пченица била испратена од Русија. јт/

Фото: Гугл мапи

Остани поврзан