• петок, 22 ноември 2024

Во Сингапур рекорден број на заболени од вирусот денга

Во Сингапур рекорден број на заболени од вирусот денга
Сингапур, 28 август 2020 (МИА) – Сингапур се соочува со рекорден број случаи на заразени со вирусот денга, тропска болест што ја пренесуваат комарците. Сингапур, град-држава со 5,7 милиони жители, годинава регистрира повеќе од 26.000 случаи на денга, број што веќе го надмина годишниот рекорд од 22.000 случаи, утврден во 2013 година, а бројот на смртни случаи досега е 20. Оваа болест може да предизвика силна треска што доведува до внатрешно крварење и состојба на шок. За споредба, со коронавирусот во Сингапур досега се заразиле 56.000 луѓе, а бројот на смртни случаи од Ковид-19 е 27. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан