• вторник, 11 март 2025

Во СВР Куманово лани 348 пријави за семејно насилство

Во СВР Куманово лани 348 пријави за семејно насилство

Куманово, 11 март 2025 (МИА) - На подрачјето на СВР Куманово во 2024 година биле евидентирани вкупно 348 пријави во врска со семејно насилство, додека во 2023 година 404 пријави, информираа денеска од полицијата. Во пријавените кривични дела од семејно насилство обично како жртва се појавува жена над која е употребена физичка сила од страна на сопруг, вонбрачен другар, разведени или се во процес на бракоразводна постапка, каде што во одредени настани истите биле под дејство на алкохол, антидепресивни лекарства и психотропни супстанции, и се закануваат со огнено, ладно оружје или тврди предмети.

-Во неколку случаи, инцидентите на семејно насилство биле пријавени повеќекратно во истото семејство, укажувајќи на повторувачко однесување. Кај одреден дел од пријавите се завршиле со повлекување од кривично гонење од страна на оштетените, велат од полицијата.

Во неколку пријавени случаи е констатирано повторување на овие дела, односно од страна на оштетените се пријавувани и по неколку пати. Честопати извршителите се познати како сторители со издржување на казнени мерки затвор, а поретко се случаите каде семејното насилство е извршено од страна на син над мајка – татко, татко и мајка над син, или внук над баба, а се поради побарување на парични средства заради набавка на наркотици, имотно правни неразрешени односи и други. ам/


Фото МИА

Остани поврзан