• петок, 26 јули 2024

Во СВР Велес пријавено дека ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште

Во СВР Велес пријавено дека ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште

 Велес, 30 ноември 2023 (МИА) - Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик  истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

- Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот  на СВР Велес Билјана Ѓаковска.  

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Ѓаковска. ад/лв/

Остани поврзан