• петок, 05 декември 2025

Во Саса се гради нов локален пат до маало Алебаци

Во Саса се гради нов локален пат до маало Алебаци

Македонска Каменица, 19 септември 2025 (МИА) – Општина Македонска Каменица продолжува со активности за подобрување на локалната патна инфраструктура. Во рамки на теренска посета, градоначалникот Димчо Атанасовски изврши увид во градежните работи за изградба на локалниот пат до маало Алебаци во село Саса, во должина од 1.550 метри.

Според градоначалникот, целата траса на патот веќе е пробиена и тампонирана, а во тек се работите на изградба на канали и пропусти за одводнување на атмосферски води. Овие зафати, како што истакна тој, се клучни за долготрајна заштита и безбедно користење на патната мрежа.

-Со изградбата на овој пат жителите на маало Алебаци добиваат подобра поврзаност, олеснет пристап и сигурна патна инфраструктура. Како градоначалник, останувам посветен на реализација на проекти што обезбедуваат квалитетна инфраструктура и унапредување на условите за живот на жителите и во руралните и во урбаните средини, изјави Атанасовски.

Со оваа инвестиција, општината очекува да се подобри секојдневието на локалното население и да се поттикне рамномерен развој во сите делови на Македонска Каменица. вс//

 


Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан