• недела, 22 декември 2024

Во Сараево убиен Швеѓанец, наводно шеф на нарко мрежа во Шведска

Во Сараево убиен Швеѓанец, наводно шеф на нарко мрежа во Шведска

Бањалука, 31 октомври 2023 (МИА) – Во сараевската населба Ступ денеска е убиен шведскиот државјанин Харис Остердал, кој е познат по бројни криминални дела, а се наведува дека бил и водач на нарко мрежа во Шведска, јавија сараевските медиуми.

Пукањето се случило околу 16 часот и 30 минути, кога двајца мажи на велосипед испукале рафал кон него.

При тоа бил повреден и државјанин на БиХ.

Напаѓачите имале ранец, во кој паѓале чаурите и многу брзо побегнале од местото на пукањето.

Полицијата потврди дека едно лице е убиено, а се утврдува степенот на повреди на уште едно лице. Полицијата блокираше дел од населбата, а потрагата по напаѓачите е во тек.

Сараевските медиуми јавија дека, според шведската полиција, станува збор за триесетгодишен маж кој заедно со неговиот брат Денис се занимавал со продажба на наркотици, за што биле осудени.

Како што пишуваат шведските медиуми, Остердал бил лидер на нарко мрежата „Профит“, а пред пет години последен пат бил осуден на четири години затвор поради организирање на нарко синџир.

Покрај тоа, заедно со неговиот брат, тој е осуден и за прекршоци поврзани со употреба на оружје, поткуп, допинг, нелегално возење, како и употреба на Фејсбук за продажба на дрога и достава до дома. јт/

Фото: Интернет

Остани поврзан