Во САД приведен шефот на Комитетот за инаугурација на поранешниот претседател Трамп
- Том Барак, долгогодишен близок пријател на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во 2017 година го предводеше комитетот за инаугурација на Трамп, денеска беше приведен под обвинение дека
Вашингтон, 20 јули 2021 (МИА) - Том Барак, долгогодишен близок пријател на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во 2017 година го предводеше комитетот за инаугурација на Трамп, денеска беше приведен под обвинение дека работел како нерегистриран агент на владата на Обединети Арапски Емирати.
Барак и две други осомничени лица исо така биле обвинети за лажни изјави пред Федералното биро за истраги (ФБИ).
Обвинителите соопштија дека Барак ги користел блиските врски со Белата куќа на Трамп за лобирање во полза на интересите на владата на ОАЕ и не ги регистрирал своите активности кај јавниот обвинител.
Барак и уште едно лице биле задржани од полицијата на Лос Анѓелес и треба денеска да се појават пред судот. Додека третото лице е државјанин на ОАЕ кое некогаш живеел во Калифорнија и недостапно за органите на прогонот. кб/ми/