• вторник, 05 ноември 2024

Во САД падна џекпот од 1,73 милијарди долари

Во САД падна џекпот од 1,73 милијарди долари

Сакраменто, 12 октомври 2023 (МИА) - Американец од Калифорнија го освои вториот најголем џекпот во историјата на американската лотарија „Пауербол“ (Powerball), освојувајќи 1,73 милијарди долари.

Добитничките броеви се 22, 24, 40, 52, 64 и „Пауербол“ бројот 10. Џекпотот може да се исплати на рати во период од 30 години, но повеќето Американци ја бираат втората опција - исплата во готово веднаш, што значи дека играчот добива 756,6 милиони долари, минус даноците.

Единствената поголема награда на американската лотарија беше освоена во ноември лани, кога изнесуваше 2,04 милијарди долари.

„Пауербол“ се игра во 45 американски сојузни држави. Во повеќето од нив, лозот чини два долари и играчите сами си ги бираат броевите, или пак, може и да побараат компјутерот да го направи тоа за нив.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан