• сабота, 21 декември 2024

Во САД минатата година имало најмногу работнички штрајкови во последните две децении

Во САД минатата година имало најмногу работнички штрајкови во последните две децении

Вашингтон, 21 февруари 2024 (МИА) – Работниците во САД минатата година организирале 33 големи штрајкови, што е најголем број работнички штрајкови во земјата во последните две децении, соопшти денеска американското Министерство за труд.

Околу 460.000 работници учествуваа во големи штрајкови, кои се дефинирани како штрајкови во кои учествуваат 1.000 или повеќе работници, пренесува „Вашингтон пост“.

Се додава дека тоа е три пати повеќе од бројот на работнички штрајкови во 2022 година.

Некои од најзначајните штрајкови во САД минатата година беа штрајкот на холивудските актери и сценаристи и истовремениот прекин на работата на производителите на автомобили во Детроит.

Прекините на работа резултираа со историско зголемување на платите и нови правила во однос на употребата на технологијата за вештачка интелигенција, пишува американскиот весник. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан