• сабота, 03 август 2024

Во сабота ќе се избира наследникот на Зијадин Села

Во сабота ќе се избира наследникот на Зијадин Села
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Алијанса за Албанците во сабота во Скопје ќе го одржи партиското Собрание на кое ќе биде констатирана оставката на Зијадин Села, потврди за МИА портпаролот на партијата, Наим Бајрами. На Собранието ќе биде избран новиот в.д. претседател на Алијансата за Албанците. Села на 21 август годинава даде оставка по слабите резултати од последните избори за советници во Советот на Општина Тетово, на кои Алијансата за Албанците не освои ниту еден мандат. Села тогаш најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати. Села на функцијата прв човек на АА беше реизбран на Конгресот одржан на 27 март годинава. Исто така, на Собранието се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците. фф/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан