• петок, 22 ноември 2024

Во Русија најдена една од најстарите откриени синагоги во светот

Во Русија најдена една од најстарите откриени синагоги во светот

Краснодар, 17 август 2023 (МИА) - Остатоци од синагога од добата на Вториот храм (пред околу 2.000 години) се откриени во древниот град Фанагорија, којшто се наоѓал во денешна југозападна Русија, на брегот кај Азовското и Црното Море.

Ова е една од најстарите досега откриени синагоги во светот, а според анализата на фрагментите од наоѓалиштето, веројатно постоела повеќе од 500 години откако била изградена на почетокот на 1. век п.н.е. Храмот е изграден во правоаголен облик, долг близу 20 метри и широк шест метри. Поделен е во две простории. Градбата имала насликани ѕидови, покрив со ќерамиди и други украси. Покрај тоа, археолозите открија неколку менори, жртвеници и делови од мермерни стели.

Пар плочки пронајдени на ова археолошко место исто така успешно се датирани во 1. век. Според истражувачите, неколку синагоги се граделе или функционирале во времето кога била изградена и оваа синагога.

Истражувачите забележуваат дека многу од најраните синагоги откриени досега датираат од третиот век. Сепак, синагогата во Фанагорија веројатно била уништена во 6. век кога варварските племиња ја срамниле Фанагорија со земја.

Еврејска заедница во блискиот Краснодар ја поздрави веста за откривањето на синагогата. Рабинот од Краснодар, Менахем Мендел Лазар најави делегација за посета на местото откако ќе биде поканет од надлежните власти.

Според соопштението, археолошките напори околу ископувањето на древниот еврејски храм биле помогнати со парични средства од Фондацијата „Волное дело Пангорија“, основана од рускиот милијардер Олег Дерипаска.  си/

Фото: Фондација „Волное дело Пангорија“.

Остани поврзан